Запрено напредувањето на Исламска држава во Ирак и Сирија

Воздушната кампања на меѓународната коалиција против Исламска држава, предводена од САД, почнува да дава резултати. Запрено е напредувањето на џихадистичката група во Ирак и Сирија, соопшти денеска во Брисел мултинационалната коалиција, во која веќе се наоѓаат околу 60 држави, цитирана од француските медиуми.

– Напредувањето на Исламска држава во Ирак и Сирија е запрено. Ирачките војници и силите на регионалната Влада во Курдистан, со поддршка на воздушните напади на коалицијата, почнуваат да ја враќаат контролата врз региони во Ирак, се наведува во коминикето на коалицијата, цитирано од француските медиуми.