Магазин

Зара повлекува од продажба контроверзни маички

Зара повлекува од продажба контроверзни маички

Светски познатиот бренд Зара ги повлече од продажба маичките на ленти на кои од левата страна има и жолта ѕвезда, откако корисниците на социјалните медиуми реагираа и маичките ги споредија со униформата која Евреите ја носеле во концентрационите логори за време на Втората светска војна.

Шарените „шериф“ маички, наменети за деца на возраст од три месеци до три години, беше мета на критики поради дизајнот на бели и сини ленти и жолта ѕвезда со шест краци на која бил испишан зборот „шериф“.

На прв поглед многумина ја почуствувале сличноста на овие блузи со шарената униформа и жолта ѕвезда која еврејските затвореници биле принудени да ја носат за време на Холокаустот.

222222

 

komentari

Блузичките биле достапни на веб страницата на Зара во Велика Британија, како и во други продавници за распродажба во Израел, Франција, Данска, Албанија и Шведска. Сличноста прв ја забележал израелскиот новинар Дими Реидер.

Тој пишува: „Шериф“ маичките се за тригодишни деца. Очигледно. Што друго може да биде? Зошто, на што друго ве потсетува?

Зара на неколку јазици се извини на Твитер и потврди дека маичките повеќе не се во продажба.

aaaaaaaaaaaaaa

Портпаролот на матичната компанија на Зара  рекол дека маичките се отстранети од сите продавници на Зара, како и од Zara.com.

„Облеката е инспирирана од класичните Вестерн филмови, но сега увидовме дека знакот е навистина чувствителен и искрено се извинуваме доколку сме ги навредиле нашите клиенти“.

Ова не е прв пат Зара да направи несреќен избор на дизајн. Во 2007 – та година, компанијата повлече од продажба од своите продавници чанта, откако еден клиент посочил дека во дизајнот го има симболот свастика.