Заре Марковски е нов спортски директор на МКФ

Поранешниот македонски селектор Заре Марковски е новиот спортски директор на МКФ, каде доаѓа на местото на Илија Мерџановски.

Иако утринава беше обелоденет овој избор на раководството на МКФ, одлуката официјално ќе биде усвоена на денешната седница на Управниот одбор.

“По 24 години, со исклучок на двегодишниот ангажман кога беше селектор на нашата најдобра машка репрезентација, која што за прв пат ја преставуваше Македонија на едно Европско првенство во 1999 година во Франција и долга низа на престижни европски ангажмани, Заре Марковски повторно го става на располагање на матичната федерација огромното искуство и се очекува веќе денес да биде во Скопје” – се вели во информацијата на веб-страницата на МКФ.

Заре Марковски беше споменуван како сериозен кандидат за селектор доколку Александар Џикиќ не ја продолжи соработката со македонскиот национален тим, но откако Србинот реши да продолжи на кормилото на репрезентацијата, на Марковски му беше доделена директорската улога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.