Зарем НОБ заслужува ваков однос од СДСМ?

На вчерашната свечена академија по повод 11- Октомври, денот на народното востание одржана во новата зграда на Македонскиот народен театар немаше ниту еден пратеник или претставник од најголемата македонска опозициска партија, СДСМ.

На свечената академија, што се одржа во Македонскиот народен театар, присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, министри, пратеници, претставници на судската власт, верските заедници, на дипломатско-конзуларните претставништва, но не можеше да се забележи ниту еден претставник од СДСМ, пишува Курир.

Покрај претставници од социјалдемократите, на академијата не можеше да се види ниту еден пратеник или претставник и од албанските партии ДУИ и ДПА, кои ќе оддадат почит на народното востание кое е спомен на големата борба со која пред 74 години беше навестен крајот на фашистичкиот период и конечно ослободување на Македонија. Сето ова покажува дека СДСМ, ДУИ и ДПА, дури и за 11-Октомври ги потврдија заедничките позиции на преговорите за Изборниот законик,  кои изминативе денови ја разбрануваат јавноста.

Според извори од работните групи, најголемата македонска опозициска партија со антидржавно однесување каде предност им даде на своите лични интереси за сметка на државните и интересите на сите граѓани се откажа од нивното барање за активна регистрација, со цел да ја добијат поддршката од албанските партии ДУИ и ДПА.  Тие се испазариле со ДУИ и ја поддржале за да се одлучува со бадинтер во ДИК, при што најважна ќе биде етно политиката, а не фактите, а ДУИ ја поддржа СДСМ дијаспората да нема свои пратеници.

Познавачите на состојбите коментираа дека практично воведувањето на бадинтеровиот принцип кој СДСМ го поддржува би значело дека при приговор во општина каде има над 20 проценти Албанци ќе се одлучува не според аргументи, факти и докази, туку според етнополитичка логика, што е трајно нарушување на принципите на правичност.

Тоа во ситуација на изборна неправилност би значело дека не е важно што има повреда на процедурите и правилата, туку како ќе одлучат Албанците, кои доколку се договорат би можело исклучиво да носат одлуки кои се во нивна полза. Познато е дека кога се работи на албанските интереси тие се многу поединствени и ДУИ и ДПА соработуваат, за разлика од тоа кога во прашање е македонското национално единство, што воедно се покажува и докажува со неприсуството на ниту еден претставник од СДСМ на академијата од одбележувањето на денот на народното востание.

Зарем НОБ заслужува ваков однос од СДСМ е прашањето кое се поставува во јавноста откако социјалдемократите повторно ги ставија партиските над државните интереси и не ги слушнаа повиците искажани на вчерашната академија  за обединување, национален и државен консензус, одговорност и самостојност  во решавање на проблемите.

СДСМ повторно не покажа единство дури  и кога се работи за историјата на Македонија и големите државни прашања и заедно со ДУИ и ДПА не покажа почит кон денот со кој преку антифашистичката борба започна финалната борба од остварувањето на националните цели, национална слобода и сопствена независна македонска држава.