Македонија,Политика

Зарем за Заев е нормално каменување врз полицајците?

Зарем за Заев е нормално каменување врз полицајците?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, при гостувањето во емисијата на Мухамед Зекири на Алсат-М ги критикуваше и максималните казни за протестот за случајот „Монструм“.

Според Заев, максималната казна за учесниците во протестите по пресудите за случајот „Монструм“, кои ја каменуваа полицијата, било катастрофа. Запрашан за коментар во емисијата “Патот кон“ на Алсат-М, Заев вели.

-Ако е дадена максимална казна на досегашните завршени пресуди на оние луѓе што протестираат, катастрофа. Тоа не треба посебно да биде едуциран судија, правник, тој судија најверојатно бил под притисок. Зошто бе максимални казни, што е целта, што сакате да кажете со таа работа. Казни ако има прекршување на законот, не максимални казни, лоша е пораката, односно не е во фунција на градење на меѓуетнички сожиот во државата. Зарем треба нешто посебно памет да се има за оваа работа, не е добро, лошо е.

Оценувајќи ја ваквата изјава на Заев, се поставува прашањето дали за првиот човек на македонската опозиција е нормално каменување врз полицајците. Јавноста е сведок дека за исти или слични нереди во западноевропските земји, при напад врз унфирмираните полициски службеници, казните за учесниците во тие немири се уште поголеми во споредба со оние во Македонија, а реакцијата на полицијата многу поенергична и бескомпромисна при судирот со демонстрантите.