Зарем Заев и Шекеринска се нови лица во македонската политика?

Заев и Шекеринска се нови имиња во македонската политика, иако така се прикажуваат, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Струмица за поддршка на нивниот претседателски кандидат, Ѓорге Иванов.,

„Има и намера таа група на луѓе да ни биде претставена како нови лица. Верувам дека и на нив не им се верува во тоа кога кажуваат дека се нови лица. Па сите тие се  20 години во политиката. Тие беа потпретседатели на владата и партијата на Бранко, негови главни советници, членови и шефови на ДИК, ги аминуваа сите негови одлуки.Радмила ли е ново лице? Се сеќавам бев студент уште се занимавав со моите студии, веројатно и таа тоа време го правеше , но веќе беше на билборди како политичар, како член на раководството на партијата. Па помина многу работи заедно со Бранко, ги поддржуваше неговите политики јавно, се бореше со него за приватизацијата  која остави 200.000 граѓани без  работа“, рече Груевски

Таа беше мој против кандидат на изборите во 2006-тата, рече тој, потоа кандидат за премиер во 2008-ма година, па Заев водич на кампањата на СДСМ во 2009-та и за претседателски и за локални. Па дојдоа изборите во 2011-та кога Радмила повторно беше кандидат за премиер. На изборите во 2013-та година истите луѓе активно партиципираа.

Груевски уште една праша од каде тие политички ликови се нови лица и зошто го потценуваат народот

„Тоа е сериозно потценување на македонскиот народ што убеден сум дека тоа нема да им го прости и уште еднаш ќе ги казни на избори.Во 2002-ра тие ракоплескаа на ветувањата на Бранко за ‘по еден вработен од секое семејство’ .  Заев кој беше амнестиран за осум милиони евра криминал и кој говореше дека ќе јаде живи луѓе, ќе пука, ќе брка луѓе од работа од чистачка до директор ако не се од СДСМ, тој треба на овие избори да ни биде продаден како ново лице. Шекеринска во цела кариера нема ни еден проект“; рече Груевски.