Царината заплени накит, пари и цигари

21.200 евра, откриле царинските службебници на граничниот премин Богородица, при детален преглед на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата. Во преградата за лични работи на возилото, царинските службеници откриле 31.200 евра, од кои 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, му се вратени на патникот.

Cigari 2, Tabanovce Devizi, Blace

Исто така, изминатава недела на Скопскиот аеродром Александар Велики, откриени се и парчиња златен накит со вкупна маса од 690 грама.Накитот е пронајден во една кутија и еден несесер, сместени во рачната ташна на патничката.

Zlaten nakit, Aerodrom

На граничниот премин Блаце откриени се 7.000 евра, при контрола на патничко возило со косовски регистарски таблички, управувано од косовски државјанин, пријавено за влез во државата. Во внатрешен џеб од од јакна, сместена во багажниот простор на возилото, пронајден е плик со 17.000 евра, од кои 10.000 евра му се вратени на патникот.

При рутинска контрола царинските службеници откриле и  29 штеки цигари, со македонски акцизни маркички, на граничниот премин Делчево. 22 штеки цигари без акцизни маркички, 1.000 приврзоци и 55 полначи за мобилни телефони, на граничниот премин Богородица. 27 штеки цигари со македонски акцизни маркички, на граничниот премин Табановце автопат .

Откриена е и роба за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Имено, на граничниот пемин Дојран, конфискувани се 600 спортски обувки со ознаки на заштитена трговска марка, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски таблички. Пазарната вредност на стоката е проценета на околу 902 илјади денари. Исто така, откриени се и 165 пара спортски обувки со ознаки на заштитена трговска марка, на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички пријавено за влез во државата. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово. Пазарната вредност на стоката е проценета на околу 305 илјади денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.