Заробени петмина команданти на Исламска држава

Ирачките власти заробиле петмина команданти на  Исламска држава откако ирачките разузнавачки служби ги измамиле и ги натерале  да ја преминат границата од соседна Сирија, објави ирачката телевизија.

Се работи за пет команданти кои се меѓу „најбараните лидери“ на оваа екстремистичка организација. Тие се идентификувани како Садам Ал Џамил, Мухамед Ал-Кадир, Исмаил ел Елтави,  Омар ал-Карбула и Есам Ал Авба, кои се покажани на сними во портокалови затворски униформи.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, минатиот месец изјави дека „ќе ги преземе сите неопходни мерки“ против екстремистите кои се базирани во Сирија.

Ирачките сили од минатата годинаа почнаа со повеќе воздушни напади  на позициите на Исламската држава на територијата на Сирија.

Абади, во декември минатата година прогласи  конечна победа над Исламската држава, која во  2014 година имаше под своја контрола една третина од територијата на Ирак, но екстремистите од оваа група продолжуваат да претставуваат закана по должината на границата со Сирија, но и со бомбашки напади во Ирак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.