Зарвши потрагата по можни остатоци од исчезнатиот малезиски авион

Зарвши потрагата по можни остатоци од исчезнатиот малезиски авион
Зарвши потрагата по можни остатоци од исчезнатиот малезиски авион

Завршија пребарувања на плажите и океанот на францускиот остров Реунион во Индискиот окен, по можни остатоци од летот MH370 на „Малезија ерлајнс“, објави МИА.

Пребарувањето не дозволи во ништо идентификување на веројатни можни остатоци кои можат да бидат поврзани со авион, мерките за пребарување се движат кон внимателно следење, изјави префектот на Реунион, Доминик Соран.

Пребарувањето не дозволи во ништо идентификување на веројатни можни остатоци кои можат да бидат поврзани со авион
Пребарувањето не дозволи во ништо идентификување на веројатни можни остатоци кои можат да бидат поврзани со авион

По откривањето на 29 јули, на брегот на Сант Андре, парче од крилото на авион за кое се претпоставува дека му пришаѓа на авионот на Малезија ерлајнс на Боингот 777 кој исчезна на 8 март 2014 година, француските власти на 7 август го активираа широкиот план за пребарување на морето и на копното.

Десет дена, воениот авион од типот Каса „надлета вкупна површина од 10.000 морски км2“, се вели од префектурата. Пребарувањето најпрво беше насочена кон Истокот и Југот на островот, од 13 август и на север и северозапад од минатиот викенд. Овие истраги, дополнети од страна на употребата на хеликоптери и патролните чамци на жандармеријата (…) не дозволија да се идентификуваат можни остатоци од авионот, ниту било што “како докази би можеле да се поврзат со авион”, се вели понатаму од префектурата на Реунион.

Патролите на брегот, спроведени од страна на жандармите и полицијата, го опфатија целиот источен брег на островот. Некои од собраните елементи и преметот на брегот и се предадени на Жандармеријата за воздушниот сообраќај (GED) за потребите на судската истрага. Во отсуство на нови откритија на предмети од интерес на тековната истрага “, се чини дека статистички шанси за откривање на можни остатоци на MХ370 во текот на пребарувањето се чини дека се екстремно ниски”, нагласува префектурата. “Поради ова мерките на пребарување се движат кон кон внимателност “, додава таа.

Француските власти ќе ја зачуваат нивата будност на овој дел од морето и на брегот за време на различните тековни мисии, се вели од префектурата. Што се однесува до корисниците на морето и возушните навигатори, тие се охрабруваат да бидат внимателни и да пријават сомнителни можни остатоци на регионалниот центар за надзор и спасување.

Армијата и полицијата вклучени во пребарување на авионот

Армијата и полицијата вклучени во пребарување на авионот
Армијата и полицијата вклучени во пребарување на авионот

Од 7 до 17 август, во мобилизација на армијата, жандармерија и полиција, беа ангажирани 192 лица на брегот за вкупно 141 часа на пребарување. Авионот Каса помина 25 часа над океанот, хеликоптерите на жандармеријата и војската спроведоа 7,5 часа на патролни летови, додека патролните чамци на жандармеријата имаше 15,5 часа на патролиеање, во што беа вклучени 143лица.

Боингот 777, на летот MХ370 на Малезија ерлајнс исчезна на 8 март 2014 година, кога тој леташе од Куала Лумпур за Пекинг со 239 лица во авионот. Парчето на крилото откриено на Реунион, беше експертизирано во лабораторијата на Генералниот директорат за вооружување близу Тулуз, на 6 август. Малезија веднаш потоа соопшти дека тоа му припаѓа на исчезнатиот Боинг на Малезија ерлајнс, како прв доказ дека авионот се урна во Индискиот Океан. Обвинителството во Париз, кое, исто така води истрага бидејќи четири жртви во авионот се француски, беше многу повнимателно, зборувајќи само за “многу силни сомневања” дека делот му припаѓа на авионот. Овај дел на крилото, е засега единствениот формален доказ идентификуван од летото MХ370.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.