Засадени 3 милиони дрвца на 100 локации во земјава

Засадени 3 милиони дрвца на 100 локации во земјава
Засадени 3 милиони дрвца на 100 локации во земјава

Под мотото „Засади успех“ денеска на повеќе од 100 локации на целата територија на Република Македонија се одржа 16-тата акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ на која се засадија три милиона дрвца на 930 хектари земјиште.

Мото на годинашната акција „Засади успех!“ е да се потсети на мотивите, почетоците, развојните фази и резултатите на акциите, кои започнаа пролетта 2008.

Како што информираат од Граѓанското здружение „Ден на дрвото- засади ја својата иднина!“ во рамки на акцијата ќе бидат засадени и 7.000 леандри покрај автопатот Гевгелија-Смоквица и 3.000 чемпреси покрај другите автопати низ државата. Од Македонски шуми, за сите општини во Република Македонија се обезбедени уште 67.000 дрвца.

Главната локкација за засадување во скопскиот регион е населеното место Брњарци, каде координаторот од здружението на граѓани „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ Весна Зарезанкова рече дека е предвидено да се засадат 70.000 садници и тоа од зимзелени и листопадни видови на површина од околу 45 хектари.

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски посочи дека годинава на територијата на општината садници се садат во Паркот на природата Гази Баба и во населеното место Брњарци, каде во соработка со „Македонски шуми“ се подготвени околу 22 хектари површина на која е планирано да се засадат 40.000 садници, а во следните неколку денови вкупно ќе бидат засадени 70.000 дрвца.

Трајковски апелираше до сите граѓани и институции заеднички да се потрудат овие дрва да се зачуваат и да не се оштетуваат, како и да се придонесе за нивна заштита, затоа што само така може да се изгради почиста и поздрава животна средина.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски рече дека градот е активно вклучен во реализацијата на 16-тата акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ на повеќе локации – во Паркот на природата „Гази Баба“, во Парк шумата Водно и во селото Брњарци.

Den na drvo 2015 (3)

– Поголемо внимание треба да се обрне и по засадувањето, во следните неколку години, да се грижиме за овие дрвца да можат да растат. Ние си земаме обврска во текот на летниот период овие дрвца

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.