Засега Милчин призна дека контролира 7 медиуми!

Шефот на фондацијата Сорос во Република Македонија, и поранешен член на раководните органи на СДСМ, Владимир Милчин, очигледно возбуден од информациите кои беа објавени во дел од медиумите, а во кои се говори дека тој, Љубомир Фрчкоски, Ацо Кабранов и член на раководството на СДСМ договарале како да се искористи ситуацијата во земјата предизвикана од протестите на верските радикални елементи против судската пресуда во случајот „Монструм“, во кој беа свирепо ликвидирани четворица млади луѓе и еден повозрасен човек, покажува знаци на нервоза кои сигурно придонесоа во својата колумна објавена во медиумите кои ги финансира да признае, свесно или несвесно, дека преку финансирање контролира ни помалку ни повеќе туку 7 медиуми во Република Македонија, пишува порталот „Курир“.

„Каков уплав го мачи Груевски, па се уплашил од еден грст медиуми што ги помага Фондацијата отворено општество – Македонија? Сите два на албански и сите пет на македонски јазик?“, пишува Милчин во својата колумна.

Ова е првпат шефот на Сорос Македонија да признае дека со негова помош и подршка се раководат седум медиуми, од кои два на албански јазик, и дури 5 на македонски јазик.

Со ова Владимир Милчин ги потврди информациите дека постои тесна соработка помеѓу овие медиуми, кои со континуирана критика на Владата нa Груевски се искористуваат во полза на политичаката групација на СДСМ. Исто така се потврдија и информациите дека дел од овие 7 медиуми многу вешто беа искористени во подгревање на страстите помеѓу населението и тезниите помеѓу етничките заедници во врска со протестите на верските радикални елементи, при што вестите кои беа продуцирани на медиумите на албански јазик кои се под контрола на Милчин, а кои најчесто беа изработени надвор од новинарскте стандарди, без аргументи факти, потоа беа преземани од медиумите кои се под контрола на Милчин но во македонскиот медиумски блок и на тој начин се создаваше подигнуваа страстите и се работеше во насока на ескалација на случувањата.

Го чекаме Владимир Милчин да ја признае контролата врз Невладината ЦИВИЛ дека е дирекно финансиски поврзана со фондацијата СОРОС Македонија, финансирањето на весникот на албански Лајм и порталот Порталб, како и поддршката на интелектуалците Албанци кои се појавуваа интензивно на трибините на ГЕМ како Мерсел Биљали, Алберт Муслиу, Џабир Дерала и други.

Според завршната сметка на УЈП, кои медиумите ја објавија, СОРОС остварил приход од 5.200.000 евра. Во денарска противвредност, неверојатни 319.784.116 денари, лани легнале на сметките на Владимир Милчин. Токму тој е потпишан и на завршната сметка.

Весникот „Слободен печат“ во својата прва година од постоењето, добил грант од 60.000 евра. Плусинфо исто така добил пари од невладината на Милчин во вкупен износ од 47.706 евра. Порталот А1он кој е во сопственост на поранешен новинар на А1 телевизија, близок до СДСМ, исто така има добиено пари од СОРОС во износ од 49.706 евра. Над 36.000 евра за само 6 месеци земал неделникот Фокус.

СОРОС не штедел пари и на порталот на Ацо Кабранов, Либертас, на чија сметка легнале 26.686 евра. Во овој портал близок до СДСМ работи ќерката на Љубомир Фрчкоски. Инаку, Либертас пред неколку дена реагираше на соопштение дека не биле финансирани од СОРОС и дека од таму зеле пари само првата година од постоењето