Засега нема најава дали Нимиц ќе донесе нов предлог за името

Засега нема најави дали медијаторот Метју Нимиц, во понеделник ќе дојде во Скопје со нов предлог за надминување на спорот за името, вели министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Тој истакна дека најголемиот проблем во моментот е тоа што Грција нема политичка волја за сериозен пристап за решавање на ова прашање и ја повтори потребата ЕУ и НАТО членките да ја одоброволат Грција да не ја одбегнува обврската за решавање на спорот.