Заштитете се’ додека има време: До каде стигна снежната бура

Надлежните градски власти денеска ги повикаа белграѓани поради прогнозите за бурно време да ги заштитат работите кои ги чуваат на терасите, оштетените делови од фасадите, олуците и слично за да не дојде до повреда на минувач или учесник во сообраќајот.

Директорот за Службата за комуникација и координација со граѓаните на Белград, Дарко Главаш рекол дека според најавите се очекува ветер со брзина од над 17 метри во секунда, како и дека за градот моментално има издадено жолт метео аларм.

Како што најави, очекуваните врнежи до утре ќе достигнат снежна прекривка од пет сантиметри, како и дека за време на викендот и почетокот на следнатга недела температурите ќе бидат многу пониски.

Републичкиот ходрометеоролошки завод на Србија издал предупредување дека во кошавското подрачје ќе дува силен ветер со удари од околу 17 метри во секунда, додека во покрајдунавското подрачје ветерот ќе биде со удари од 24 метри во секунда.

Големи снежни врнежи се очекуваат на територијата на целиот Балкан, а најмногу снег ќе има во БиХ, Хрватска и Словенија.

Силниот ветер кој од синоќа дува во Белград, утрово околу 10 часот откорна речиси цела фасада од зграда.

zgrada

Од ветрот исто така одлетал дел од лимен покрив од основно училиште во Ниш. За среќа никој не бил повреден.