Се очекува засилен бран на инвестиции после април

Економијата и во 2016-та останува да биде светла точка во еден турбулентен период во Македонија, посебно на политички план. Земјава останува во фокусот на странските инвеститори, а познавачите на пазарот очекуваат засилен бран на инвестиции после изборите во април. Ефектите на странските компании во земјава се евидентни. Извозот од зоните постојано расте достигнувајќи 1,5 милијарди евра минатата година, што е една третина од вкупниот извоз на земјава, пишува Лидер.

Истовремено се отвораат нови работни места – околу 15 илјади лица се вработени во компаниите на странските инвеститори во зоните или надвор од нив. Тука е и интеракцијата, односно ќарот кој домашните компании го имаат од соработката со странските.

Ако пред десеттина години странските инвестиции во земјава тежеа околу 500 милиони евра, во периодот од 2007 до 2015 година тие изнесуваат вкупно 2,3 милијарди евра- доволен доказ дека економските политики се добро поставени.

zoran-stavreski

За мала земја како Македонија исклучително значајно е да креираме производи кои може да се извезуваат. Тоа значи дека треба да сме конкурентни, да имаме добра бизнис клима. Во тој дел се вклопуваат странските инвеститори, бидејќи тие влегуваат во дејности со повисока технологија, како што е автомобилската индустрија и слични индустрии кои се пропулзивни и во кризни периоди можат да повлечат извоз“, вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, во дебата на ТВ Нова.

Експертите сметаат дека странските инвеститори донесоа нешто многу поважно од парите, донесоа нова технологија, нова менаџерска култура, донесоа она што многу ни недостасуваше- нова етика во работењето. Со самото производство, странските компании извршија една диверзификација- зголемување на бројот на производите кои се создаваат во Македонија и кои пред сѐ се извезуваат, а со тоа открија пазари кои ние во минатото ги немавме на нашата извозна карта.

Ние претходно на извозната карта не знаевме каде е Велика Британија, додека тие не дојдоа, а сега таму извезуваме катализатори и разно- разни производи. Исто така, од математички  аспект, од платно билансен агол, битен е податокот дека во минатата година тие остварија нето извозен ефект, разлика извоз- увоз од 280 милиони евра, со што придонесоа да имаме стабилизирање на платниот биланс. Ако тоа го немавме, ќе дојдеше до затегање на монетарната политика, а тоа по автоматизам значи зголемување на каматните стапки. Тоа не се случи, зголемување на каматите немаше, дури тие се намалија и се даваа нови кредити кои треба да донесат поголем профит, смета универзитетскиот професор Томе Неновски.

За надлежните, битно е тоа што од Македонија се извезуваат високо квалитетни производи, а посебно е важно што компаниите на странските инвеститори во Македонија се најдобрите во Европа. Според Ставрески, таква констатација дале од Џонсон Контролс за фабриката во Штип, за што и била доделена награда на фабриката. Истата ситуација ја имаме и со фабриката на Џонсон Мети во Македонија, која работи најдобро од сите фабрики на компанијата во Европа. Тоа, според него покажува дека имаме квалитетна работна сила и добра етика во работењето.

Се продлабочува соработката меѓу странските и домашните компании

Проценките…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.