среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Засилени безбедносните мерки во Стразбур

стразбур

Последни вести

Во Стразбур, историската престолнина на обединета Европа, каде се наоѓа седиштето на Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и Европскиот парламент се засилени безбедносните мерки на железничката станица, аеродормот и околу европските институции.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур полициското и армиското засилување во Стразбур, беше видливо од раните утрински часови.

Во Стразбур се наоѓа седиштето на ЕП, иако тука европратениците доаѓаат само еднаш месечно четири дена на пленарна сесија. Од 1949 година Стразбур е седиште на Советот на Европа во кој членуваат 47 земји, меѓу кои и Република Македонија, со својот Суд за човекови права.

Префектот на Долна Рајна, Стефан Фратачи најави по нападите во Брисел дека се воведени дополнителни „динамични и засилени контроли“ на железничката станица во Стразбур, со контрола на личниот идентите и багажот од страна на граничната полиција на пероните и во возовите.

Слични мерки се спроведуваат и на аеродомот во Стразбур-Енцхајм.

Од приближно 500 припадници на силите на редот во Долна Рајна, 200 се задолжени да ги контролираат граничните премини со Германија на Мостот на Европа, главниот премин кон Стразбур.

Префектурата нагласува дека од средината на декември биле извршени околу 250.000 контроли на овај граничен премин и на 1.500 лица не им било дозволено да влезат во Стразбур од Германија.

Аеродромот Базел-Мулуз исто така ја засили безбедноста со засилување на полициското присуство во јавните делови на аеродормот, терминалот, пристапните зони и со зголемена внимателност на властите, на овој аеродром, кој го делат три земји: Франција. Швајцарија и Германија.

Стразбур, во кој живее голема еврејска заедница, веќе воведе зајакната заштита на еврејските институции и религиозни објекти по атенатите во јануари 2015.

Неодамна француските медиуми објавија потенцијална листа на терористички цели во Франција, меѓу кои се наоѓа и Стразбур со Европскиот парламент.

Најчитани вести