вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Засилени инспекциски контроли кај откупувачите на грозје

За успешно одвивање на откупот на грозјето, секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000.

godinava-rekorden-otkup-kvalitetno-vino-grozje

Последни вести

Државниот инспекторат за земјоделство во наредниот период ќе врши  засилени постојани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје, најави директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски по денешните разговорите со откупувачите и лозарите во Неготино.

За таа цел, како што соопштуваат од Инспекторатот за земјоделство, се формирани посебни тимови со над 30 инспектори кои  постојано ќе ја контролираат работата на секој регистриран откупувач.

Инспекторатот предупредува дека винариите, односно регистрираните откупувачи на грозје, при откупот особено е важно да се обрне внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици. За да може да се контролира дали цената е во согласност со шеќерните единици инспекторатот набави и широмери за контрола на шеќерните единици. Одржана е и кратка обука на инспекторите за нивна употреба.

За успешно одвивање на откупот на грозјето, секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000.

Засилени контроли Државниот инспекторат за земјоделство најавува и  при откупот и на останатите производи.

Најчитани вести