Засилени мерки за безбедност за изборите во Турција

Засилени мерки ќе бидат преземени во цела Турција во денот на парламентарните избори – 7 јуни, пишува МИА.

Околу 150 илјади полицајци ќе бидат ангажирани за спречување евентуални инциденти.

Неколку дена пред парламентарните избори на кои 53 милиони Турци ќе може да гласаат, МВР на Турција испрати писмо до сите 81 окрузи. Во него се вели дека околу избирачките места и главните патишта ќе бидат распоредени полициски службеници.

Над поголемите градови ќе бидат ангажирани и хеликоптери. Никој освен полицијата нема да смее да носи оружје на денот на изборите.

Сите универзитети ќе бидат затворени од 5 до 9 јуни за да може студентите да гласаат. Во регионите каде има висок ризик од терористички напади (воглавно Југоисточна Турција) гласачките ливчиња ќе се носат со оклопни возила и хеликоптери