Засилени мерките за безбедност во Атина

Засилени мерки за безбедност се воведени во грчката престолнина Атина, поради денешната церемонијата на која треба да се изврши преземањето на претседателството со ЕУ од Грција, пренесе „АФП“.

Во настаните за преземањето на претседавањето ќе учествуваат претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј , претседателот ЕК Жозе Мануел Баросо, како и 28-те европски комесари.

Во попладневните часови центарот на градот ќе биде блокиран и нема да се дозволи никакво движење. Покрај тоа , денес се забранети собири во главниот град на Грција.

Се очекува до 18 часот по грчко време, да се одржи прес-конференција на Баросо и грчкиот премиер Андонис Самарас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.