Магазин

Засолниште на Пабло Ескобар претворено во хотел со пет ѕвезди

Засолниште на Пабло Ескобар претворено во хотел со пет ѕвезди

Поранешното засолниште на озлогласениот колумбиски нарко-бос,  Пабла Ескобар на брегот на мексиканскиот град Тулум, сега е претвори во луксузен хотел со пет ѕвездички, пишува Форбс.

По смртта на Ескабар во 1993 година имотот бил напуштен до 2012 година кога бил купен од њујоршкиот колекционер на уметноички дела, Лио Малка и му дал нов живот.

Овој луксузен хотел со новото име Casa Malca за посетителите е отворен пред три години, а со декорација според највисоките дизајнерски и естетски стандарди неговите гости сигурно нема да ги остави рамнодушни.
Освен својата „интересна“ историја, хотелот поседува уметнички дела на новиот сопственик, како и релаксирачки  природен амбиент на долги песочни плажи и поглед на синилото на Карипското Море.

Во рамките на ова луксузно одморалиште има тропски градини, два ресторани со бар и 42 спални соби украсени со бели едноставни тонови. Рестораните нудат традиционална мексиканска кујна подготвена со локални производи.

Цените за едно ноќевање се  движат од 450 долари па нагоре.