Заштеда до 33.000 евра со мега – проектот „Купи куќа за млади“

Нови поволности за младите лица во државава. Младите до 35 години со пари од државата лесно ќе може да дојдат до сопствен дом, а според пресметките заштедите со проектот „Купи куќа“ може да достигнат и до 33.000 евра.

Заштеда до 33.000 евра

Апроксимативните проценки покажуваат дека доколку се користи првиот моидел од овој проект, за кредит од 50.000 евра корисниците ќе добијат субвенција до 33 илјади евра. Доколку земат кредит од 40 илјади евра – субвенцијата изнесува 28 илјади евра, а за 30 илјади евра кредит- поддршката ќе изнесува 20 илјади евра.

Дополнителна поволност е тоа што каматните стапки на кредитите остануваат исти како и досега, 3,95 отсто во првите три години, а 4,44 проценти во четвртата и петтата година, по што каматата ја одредува банката, но не смее да биде повисока од каматните стапки за останатите кредити за стан или куќа.

Оние што ќе го одберат вториот модел, наречен „учество“ ќе добијат 100 процентна субвенција на учеството за кредитот, односно максимум до 12.500 евра ако го користат максималниот износ за субвенционирање кредит до 50.000 евра.

tabela-kupi-kuka-2

Позитивно во овој модел, е што каматната стапка е фиксна цело време при отплатата на кредитот и ќе изнесува 4,5 проценти, плус месечен еуролибор. За кредит, пак, до 40 илјади евра Владата на корисникот ќе му исплати 10 илјади евра за учество, а за 30 илјади евра субвенционираното учество ќе изнесува 7.500 евра.

Груевски: На почетокот е потребна поддршка

Вчера на прес конферњенција владата го претстави мега проектот „Купи куќа“ кој се однесува на младата популација на која и се овозможува да реши едно од најважните животни прашања. Преку првиот модел – државата 11 години ќе ја плаќа ратата од кредитот.

Во првите 8 години…