Заштеда до 33.000 евра со мега – проектот „Купи куќа за млади“

Во првите 8 години, државата ќе покрива 80 проценти од ратата, во преостанатите три годни- 50 отсто. Или, ако ратата е 200 евра, во првите 8 години, државата ќе покрива 160 евра, во преостанатите три 100. Вториот модел е за учеството. Државата ќе ги покрие сите трошоци, односно ќе ја плати целата сума од учествтото. Средствата се неповратни.

Груевски: На почетокот е потребна поддршка
Груевски: На почетокот е потребна поддршка

На почетокот е потребна поддршка, а ние преку овој проект таа поддршка ја обезбедуваме. Сакаме да дадеме една добра шанса за младите да решат едно од животните прашања- обезбедувањето на сопствен дом. Убеден сум дека овој проект, Купи куќа за млади ќе им обзбеди мноштво позитивни ефекти на младите луѓе. Ќе продолжиме и понатаму да даваме силна поддршка на младите луѓе преку многу други проекти и преку многу други мерки. Младите и понатаму ќе останат во фоусот на нашето внимание“, соопшти премиерот Груевски.

Условите за добивање субвенција генерално исти како и за „Купи куќа, купи стан“

Проектот ќе почне да важи од први февруари, со него се опфатени млади брачни другари или поединци, со примањата до 900 евра за поединец и 1.300 ако барателите се во брачна заедница. По најповолни услови ќе можат да изградат, купат или доградат куќа.

Заштеда до 33.000 евра со мега - проектот „Купи куќа за млади“
Заштеда до 33.000 евра со мега – проектот „Купи куќа за млади“

Условите за добивање субвенција од државата со проектот генерално се исти како за проектот „Купи куќа купи стан“ освен првичниот критериум за возраста на лицето што ќе го подигне кредитот, најмногу до 35 години.

Воедно, барателот на субвенцијата, без оглед на брачниот статус, не треба да има живеалиште на свое име ниту пак да има подигнато кредит. Проектот се однесува само за стекнување нови невселени куќи изградени од градежни компании, како и за изградба на сопствена куќа на свое земјиште или пак надградба и доградба.

Позитивни ефекти од неговата примена надлежните очекуваат и кај градежните компании што градат нови куќи, како и кај фирмите за производство на градежни материјали и за внатрешно и надворешно уредување.