Застрашувачки снимки од тајфунот Соулдер во Тајван

Тајфунот Соулдер, кој го погоди Тајван зад сее остави 20 исчезнати, искорнати дрвја и куќи и повеќе од милион домови без електрична енергија.

Тајфунот Соулдер стигна до кинеската провинција Фуџијан во саботата навечер и се спушти на ниво на тропска бура, откако се прошири по целиот регион, јавува „Фена“.

Евакуирани повеќе од 370.000 лица

Властите евакуираа повеќе од 370.000 лица и наредија 32.000 бродови и чамци да се вратат во пристаништето, пред тајфунот да ја погоди земјата.

На Тајван, кој беше погоден од тајфунот во саботата, според официјалните податоци, пет лица загинале и 185 се ранети. Три аеродроми се затворени а повеќе од 500 летови откажани, пренесува Канал 5.

 

Тајван и минатиот месец бешe погоден од тајфун

Во Јужна Кореја на дванаесетти минатиот месец беа откажани 150 домашни летови, додека над еден милион луѓе беа евакуирани во Кина откако тајфунот Чан хом донесе силен ветар и поројни дождови.

Силното невреме приземји и откажа над 150 домашни летови низ Јужна Кореја, јавија аеродромските власти, додавајќи дека меѓународните летови не се ставени во прашање.

Властите поради силните ветрови и поројни дождови објавија предупредува долж јужните и западни крајбрежни области каде наврнаа до 291 милиметри дожд.

Кинеските власти претходниот ден евакуираа над еден милион лица од крајбрежните региони на кинеската провинција Зеџијанг во очекување на тајфунот Чан хом, откако тајфунот го погоди источното крајбрежје.

Директните економски штети се оценети на 1,9 милијарди јуани (319 милиони долари). Целосно или делумно се разурнати 94 станбени згради, а над 200 илјади домаќинства останаа без струја.

Откажани беа над 600 летови од аеродромите Ханџоу, Нинбо, Ванџоу и Тајџоу. Во регионот беа затворени повеќе патишта, а прекинати се и сите патнички маршрути по вода. Околу 30 илјади бродови кои тргнале на пат се повикани да се вратат во пристаништата.

Во неколку региони на провинцијата беа измерени поројни дождови од над сто литри на метар квадратен, а на места и над 400 литри.

 

 

Претходно тајфунот ги погоди Тајван и Јапонија каде беа затворени училишта и прекинат поморскиот сообраќај.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.