Спорт

Застрелан германски фудбалер

Застрелан германски фудбалер

Челниците на германскиот второлигаш Динамо Дрезден објавија синоќа дека нивниот млад фудбалер Марк Вахс е сериозно повреден во вооружен напад кој вчера бил извршен во Висбаден, Вахс настрадал заедно со уште двајца негови роднини.

Младиот фудбалер е итно опериран и не е во животна опасност, но еден од неговите роднини им подлегнал на повредите во болницата и починал, додека другиот е посериозно повреден, но е надвор од животна опасност.

Шокирани сме и тажни. Целото семејство Динамо е со Карк и неговата фамилија, ја понудивме сета помош која можеме да ја пружиме, велат роднините.

Марк и неговата фамилија ќе ја имаат нашата поддршка во процесот на опоравување и ништо друго не е важно. Ги замолуваме медиумите да ја почитуваат приватноста на нашиот фудбалер и да го пуштат во мир да се опорави, изјави спортскиот директор на клубот.