Застрелан поранешен фудбалер на Вардар

Некогашниот фудбалер на Вардар, а сега претседател на Раднички Ниш Зоран Банковиќ е ранет во напад со огнено оружје, јавуваат српските медиуми.

Како што самиот потврди за РТС, во Зоран Банковиќ било пукано пред неговата куќа во населеното место Беверли Хилс во Ниш, синоќа околу 20 часот.

Банковиќ за РТС изјавил дека има прострелна рана на ногата, но додал дека се чувствува добро и дека е хоспитализиран на Кличничкиот центар во Ниш.

Зоран Банковиќ за македонскиот најтрофеен клуб играше од 1979-та до 1983-та година и забележа 103 настапи. Освен за Вардар, дефанзивецот ги бранеше боите на Црвена Звезда, Раднички Ниш и ОФК Београд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.