Крими хроника

Застрелана девојка од Јажинце

Застрелана девојка од Јажинце

Дваесетгодишна девојка од тетовско Јажинце се здобила со две влезни рани во пределот на плешката откако врз неа засега непознат сторител пукал со огнено оружје најверојатно пиштол, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Инцидентот се случил нешто пред 16 часот на паркигнот пред маркетот Веро во Тетово.

Повредената девојка била префрлена во Клинчката болница во Тетово од каде веднаш била препратена на скопските клиники.

Увид на месотто на инцидентот во моментов вршат јавен обвинител и екипа на СВР Тетово за расчистување на случајот, кој и зошто пукал во девојката, негово откривање и пронаоѓање.