Застрелани новинарка и камерман додека правеле интервју (ВИДЕО)

Застрелани новинари додека правеле интервју
Застрелани новинари додека правеле интервју

Телевизиска новинарка и камерман беа застрелани во американската сојузна држава Вирџинија, додека во живо правеле интервју, јави телевизијата за која работеле „WDBJ7“.

На сајтот на медиумот за кој работеле новинарите, се појаснува дека нападот се случил во 6.45 часот изутрината по локално време.

Жртвите се репортерката Алисон Паркер (24) и камерманот Адам Ворд (27). Двајцата биле застрелани додека правеле интервју во трговскиот центар Бриџвотер плаза во градот Монета во округот Бедфорд.

Додека тие ја вршеле својата работа се слушнале истрели. Камерата го снимила тој момент. На снимката се слушаат врисоците на застреланите новинарка и камерман додека правеле интервју и се гледа како тие се наведуваат, за да се скријат, а потоа камера паѓа на земја и снимени се нозете на напаѓачот.

Регионот на инцидентот е блокиран. Засега не се соопштени повеќе детали за убиството.