Застрелани полицајка и општински службеник во Париз

Вооружен маж изутринава пукаше во една полицајка и општински службеник во предградие на Париз.

Мажот носел заштитен елек и пукал од автоматска пушка.

Француското МВР соопшти дека напаѓачот избегал. Првично беше соопштено дека тој бил приведен.

Според полициски извори, засега нема утврдено врска меѓу овој инцидент и крвавиот напад врз сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ вчера во Париз.