Застреланиот фудбалер им подлегна на повредите

Министерството за здравство вечерва соопшти дека Мартин Јанушев кој попладнево беше затрелан во Аеродром во болницата бил донесен мртов.

„Во врска со лекарскиот третман на застреланото лице во Аеродром информираме дека лицето било донесено во болницата Св Наум Охридски без знаци на живот. И покрај тоа , докторите се обидувале да го реанимираат лицето 40 минути но безуспешно“, стои во соопштението на Министерството за здравство.