петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Застрелано едно лице во Портланд за време на протестите против Трамп

Еден човек беше застрелан денеска во градот Портланд, Орегон, за време на протестите против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, јави Си-Ен-Ен.

портланд

Поврзани вести

„Полицијата ја испитува престрелката на мостот `Морисон`. Еден човек е повреден. Сите треба веднаш да го напуштат регионот”, се наведува на Твитер, во соопштението на официјалната страница на локалната полиција.

Според претходни информации за пукањето е осомничен млад афроамериканец. Според полицијата, околу полноќ, по локално време, избила расправија меѓу еден од демонстрантите и едно лице кое со автомобил преминувало преку мостот. По расправијата, лицето излегло од возилото и го ранило демонстрантот.

Најчитани вести