Крими хроника

Застрелано момче во Крушевско

Застрелано момче во Крушевско

Во текот на вчерашниот ден околу 12 часот во село Локвени, крушевско додека Н.З.(26) и неговиот брат оделе по дрва, едно лице со пиштол истрелал неколку пати во нивен правец при што Н.З. бил погоден во левата надлактица и иситот се здобил со телесна повреда.

По консултација со јавното обвинителство  извршен е увид на местото на настанот, од страна на оштетените едно лице жител на село Локвени се посочува како можен сторител при што извршен е разговор со осомниченото лице кое во целост го негира настанот.

Одземени се предмети кои се испратени на вештачење, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.