Заталкан куршум завршил во детска соба

Заталкан куршум завршил во детска соба во куќа во гостиварското село Врапчиште. За среќа во куќата немало никој и освен оштетувања на инвентар нема повредени.

Според Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, случајот во полиција го пријавил Е.Ј. (68) од Врапчиште. По извршениот увид било утврдено дека дека во периодот од 3 до 5 овој месец, заталкан куршум од огнено оружје причинил оштетување во куќата на М.С. (39) од Врапчиште. Проектилот поминал низ ролетната од вратата на детската соба во приземјето, удрил во ѕидот и паднал на подот во ходникот.

Од почетокот на годинава, на гостиварското подрачје регистрирани се 11 случаи на заталкани куршуми. Во еден, животот го загуби малолетник, а две лица поминаа со повреди.