Крими хроника

Заталкани куршуми оштетиле имот во Скопје и во Куманово

Заталкани куршуми оштетиле имот во Скопје и во Куманово

Тројца граѓани пријавиле во полицијата дека наишле на залутани куршуми кои го оштетиле нивниот имот и за малку не ги повредиле. Два од трите случаи биле пријавени во Скопје, а еден во Куманово.

Заталканите зрна оштетиле шофершајбна на „пежо 405“, маса во дворот на еден скопјанец, а третото зрно го пробил ѕидот од куќата на 56-годишна скопјанка и паднало на скалите во дворот.

„пежото“ било паркирано на улицата Благоја Илиев Гуне во Куманово, додека вториот куршум завршил во масата на викендичка со скопското село Љубанци.

Од полицијата велат дека случаите сè уште не се расветлени и не е познат причинителот на заталканите куршуми.