Затегнато: На почеток сме на Трета светска војна

Русија поради драстичниот пад на вредноста на рубљата, намалената цена на нафтатта и санкциите кои се воведни од Западот се наоѓа во економска криза, а новинарот и виенополитички коментатор, Мирослав Лазански оцени дека оваа ситуација е иста како да се наоѓаме во почетен статидум на Трета светска војна.

Според него, актуелните економско-финансиски проблеми со Русија претставуваат голема опасност за светот.

Рубљата и понатака паѓа

„Рубљата е во историски пад, а многумина сметаат дека тоа е почеток на последиците кои најголем број на земји веќе го почувствуваа. Трае третата светска војна, и тоа финансиски, а за тоа не сме ни свесни. Сега многу од тоа зависи од Европската Унија, од тоа како ќе се постават кон Америка, бидејќи САД не ги чувствува санкциите кои им се воведени на Русите. Меѓутоа, европската економија и тоа како е оштетена. Америка всушноср економски војува со Русија преку грбот на Европа“, објаснува Лазански.

miroslav-lazanski-foto-marina-lopicic-1418857949-599881

Веста за падот на руската рубља се појави минатиот месец, но во вторникот сите беа изненадени од ин формацијара дека вредноста го достигнала историското најниско ниво во однос на доларот и покрај драстичните мерки кои ги вовела Централната банка. Имено, таа институција одлучила да ги зголеми референтните каматни стапки од 10,5 на 17 отсто што не покажало посебни резултати. Вчера руската валута значајно зајакн а, па за едно евро утрото можеле да се купат 81,61 рубљи, додека пред два дена за едно евро биле потребни 85,15 рубљи.

tenk-foto-reuter-1418857949-599882

Намалени вложувања

Попради таквата ситуација инвеститорите почнаа да ги намалуваат вложувањата во акциите поради загриженост дека ќе се продлабочи економската криза која може да ја дестабилизира руската економија и дополнителни да ја отежна комуиникацијата на рускиот претседател Владимир Путин со Западот. Тоа и понатаму за последиците би имало геополитички тензии и тоа не само во источна Европа, туку и на Блискиот Исток.

Инаку, Русите масовно пазареле во продавниците за да создадат залижи од основните животни намирниците пред цените да се покачат, а американскиот технолошки гигант „Епл“ вчера соопшти дека се меѓу првите кои се откажуваат од онлајн продажбата на своите производи во Русија.

Луѓето на Путин се повеќе ја чувствуваат кризата, руските тајкуни изгубиле 50 милијарди долари

rusija-sad-eu-sankcije-kriza-rublja-pad-treci-svetski-rat-1418857949-599884

Руските милијардери оваа година изгубиле дури 50 милијарди долари од влијанието на западните санкции и падот на цената на нафтата. Овие два факти им ги покосија сметките на околу 15 најбогати милијардери од Русија. Се работи за луѓе кои се во блиски односни со претседателот Путин, а кои се и мнозинство акционери во енергетскиот гигант во земјата- компанијата која е меѓу првите кои се погодени од санкциите на Западот.

Пентагон призна дека праќа војска на границата со Русија

Пентагон потврди дека по должина на руската граница трупа војска за да обезбеди долгорочен мир и стабилност во регионот.

„Военото присуство на Алијанската е зголемено, но сите операции се спроведуваат крајно транспарентно“, велат од Пентагон.

На тоа остро регаирала Москва, истакнувајќи дека луѓето од Западот играат свои игри со доближување, што предизвикало многу шпекулации дека во секој момент може да дојде до вооружен напад.