Затекнати 14 мигранти во куќа во кумановско Ваксинце

Вкупно 14 мигранти се затекнати во куќа во кумановско Ваксинце.

Вчера околу 13.00 часот во село Ваксинце – Куманово, во близина на чешмата „Буци“, од страна на полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А6“ до кое стоеле тројца мигранти, на кои М. С. (21) од с.Ваксинце од багажникот на возилото им подавал патни торби, а кога мигрантите ги забележале полициските службеници, се обиделе да избегаат, по што влегле во куќата на М.С.

Од страна на полициски службеници бил извршен преглед на просторијата која претходно била отворена, каде биле затекнати 14 мигранти. М.С.е приведен во СВР-Куманово, а за преземаат мерки за целосно документирање на случајот.