Затемнување на Месечината во Вага: Што не очекува?!

Затемнувањето на Месечината што не очекува на 4-ти април ќе донесе целосна еклипса во Вага – знакот кој се однесува на партрнерствата и долгорочната, вистинска љубов. Затоа ова моќно, динамично дуо ќе направи „тектонски“ поместувања на самиот почеток на април и на голем број теми, а посебно на страста и љубовта ќе им даде ветер во едрата, затоа што е време за љубов. Но, она што ќе исплива на површината немора да значи дека ќе им одговара на сите.

Затоа што ако размислите малку подлабоко и подетално: еклипсите буквално ги откриваат сенките, тајните, сето она што е скриено. Сонцето (моментално се наоѓа во Овен), Земјата и Месечината ќе се најдат во една линија. Утревечер земјината сенка ќе ја обои Месечината создавајќи слика што е позната под името „Крвава месечина“.

Еклипсата ќе направи „лузни“, но нив ќе ги излекува Вагата која е знак на правдата и на сериозни, големи одлуки па затоа самото затемнување ќе биде повик за љубов, некое мирно разјаснување на односите и хармонија. Тоа можеби нема да биде безболен пресек, затоа што сите сме свесни дека големите потреси носат и „отрезнување“ и соочување со вистината како и добра основа за разговор. Затоа бидете подготвени да водите вистински разговори.

Секако, ова не е прв потрес што го имаме на самиот почеток на годината. Веќе на 20-ти март го имавме првото од двете пролетни затемнувања и оттогаш поголемиот број хороскопски знакови би требало да почувствуваат промена во односите, љубовта, но не само во партнерските, туку и во пријателските и семејните односи. Тогаш еклипсата беше во Риби, знакот што ги буди потиснатите стравови, тајни, потреби и фантазии што ги држиме заклучени.

Што да очекуваме од затемнувањето во Вага?!

Месечината во Вага тежнее кон хармонија, мир, што пак е сосема спротивно од она што Сонцето во Овен го бара (водство, доминација) што може да донесе напнатост и тензија во односите. Посебно затоа што тука е замешан и Уран кој носи неочекувани настани и промени. Тоа ќе услови, мислите да ни бегаат кон различни луѓе, интереси, кон некоја носталгија за поранешната љубов, но и желба да се скрасиме, контролираме или да се ослободиме. Ќе ги менуваме мислите и желбите во рок од 5 минути.

Совет: Ослободете се од сите тегоби и остварете ги своите најдлабоки желби.

Сите ние имаме некои тајни и желби што ги чуваме само за себе. Тоа е сосема нормално и тоа не мотивира секој ден. За време на ова затемнување ве советуваме да се отворите, посебно кон партнерот (тука е Уран кој го поттикнува размислувањето за сексот и табу фантазиите). Заборавете на срамот и разговарајте искрено со партнерот за вашите желби и тежнеења. Оваа позиција на Месечината е совршена за разгорување на страстите.

Во овој период очекувајте и појава на љубомора, затоа што интензивниот, посесивен Плутон кој се наоѓа во традиционалниот Јарец создава агол од 90 степени во еклипсата и го буди монструмот наречен „љубомора“. До тоа може да дојде само доколку наместо да се соочите со својата страст и емоции вие се обидете да ги потиснете и да ги турнете под тепих. Ако сепак бидете љубоморни, немојте да глумите, туку на цел глас викнете: Навистина сум љубоморен/на во овој миг!

Те сакам, не те сакам!

Овие промени во расположението ќе доведат до тоа партнерот во еден миг да го сакате, а во друг да го мразите. И тоа ќе се менува на секои 5 минути. Затоа е пожелно да сфатите дека ниту една личност неможе да ги задоволи сите ваши желби целосно. Затоа што никој не е совршен, ниту кроен по ваша желба. И да, Вагата е голем обожавател на венчавките, затоа немојте да се чудите ако некој ве запроси!

Последен совет: Избегнувајте манипулации!

Големата желба „светот да функционира“ би можела да ве наведе да ги манипулирате луѓето околу себе или просто да прифатите нешто што воопшто не ви е по воља. Немојте тоа да го правите! Подобро е веднаш да кажете што ви одговара, а што не сакате. Вагата ќе ви овозмоѓи таквите реакции луѓето да не ги доживеат како конфликт, туку како начин да бидете искрени.