Затемнување на Сонцето: Крај на еден и почеток на нов период

Затемнувањето на Сонцето овој пат е на 20. март, на последниот степен (29-от), во последниот знак на хороскопот, Риби.

Дваесет и деветиот степен е степен на мудроста, степен кој се врзува за видовитоста. Крајот на едниот и почетокот на другиот знак носат симболика на завршување на некоја работа, која е основа за новости и тоа големи и брзи промени кои ќе настапат.

Ова затемнување оттука е поразлично, бидејќи го носи искуството на сите претходни знаци и укажува дека пред нас е завршеток на едно нешто, неопходен да се случи, за да би можело непосредно после тоа да има почеток, бидејќи и Месечината и Сонцето истиот ден влегуваат во знакот на Овен.

Затемувањето ќе трае 2 минути и 45 секунди и тоа најсилно ќе се одрази во период од два и пол месеци, иако на личностите родени околу 20 март ќе влијаат промените од наредниот месец, па и многу подолго. Тие ќе им донесат новости најмногу на лицата родени неколку дена пред и неколку дена по 20 март.

Ќе ги почувствуваат и лицата родени во знакот на Близнаци, родени околу 20.06 и почетокот на знакот рак, околу 22, 23, 24 јуни, како и оние што се родени околу 21-ви декември. Промените што ќе настапат кај нив че бидат позначајни и иако во почетокот може да бидат и напорни и не секогаш лесни, ако ги прифатиме и ако се прилагодиме на нив може да донесат и поволна промена. Се зависи од свеста и од иницијативата на личноста. Оние што работат на себе, кои што се склони да работат некој вид прочистување, или чистење од негативните влијанија, тие лесно ќе се изборат со негативната енергија и нема да ја почувствуваат исцрпеноста или склоноста кон апатија и безволност или чувството на тага или летаргичност.

Добро е на кратко додека трае затемнувањето на Сонцето околу 10. 36 сите да направат пауза, да се опуштат и да визуелизираат дека негативната енергија си заминува од нив и дека се потопува во вода, затоа што станува збор за знакот риби, кој е воден знак. Замислете дека вашите негативни чувства тонат во длабока вода, дека стравот, тагата или другите негативни емоции тонат и се губат. Ќе се чувствувате полесно. Тоа е еден начин за тоа како да се ослободите од товарот на минатото и да можете да влезете во новиот знак и да ја отпочнеме новата астрономска година смело и полетно, онака како што сакаме. На некои тоа ќе им донесе позитивни промени, особено на оние што имаат поволни апекти со наталното Сонце или Месечина, родени околу 21.11 и 23.07.

Би било добро да не брзаме со новостите во наредните недели, но ако и без наша најава се појави нешто ново, тогаш да бидеме свесни дека и тие од некоја причина биле потребни и дека без промени нема ниту напредок и дека овенот е активен знак, а дека Марс во него понатаму ќе ни ја даде храброста и силата која што ни е потребна за да се носиме со се она што доаѓа и да не се откажуваме, па така и оние што не се толку добри по нас ќе бидат помалку напорни и совладливи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.