Заткоски: Судските инстанци да ја реализираат работата, а не да подлегнуваат под притисоци

Како градоначалник на општина Кривогаштани, комплетно сум убеден во чесноста и поштеноста на господинот Владимир Талевски и сметам дека сите политички хајки кои што  се одвиваат во овој период во Република Македонија се чисто деструктивни, вели градоначалникот на Општина Кривогаштани, Тони Заткоски.

Со таквиот начин на дејствување, доаѓа секој во Македонија да претставува некој експерт, носи правда на своја рака и сметам дека треба да ги оставиме сите судски институции да си ја реализираат својата работа, а не да подлегнуваат под тие притисоци, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.