Затнат фекален колектор во Центар – „Водовод“ на терен

Поради занување на фекален колектор профил Ф-1700 милиметри, екипи на  ЈП „Водовод и канализација“  работат на отстранување на дефект во центарот на градот, во близина на Портата „Македонија“, а во моментот се работи на улица Кочо Рацин кај Црвениот крст.

 

Причината за затнувањето на колекторот, како што информираат од јавното претпријатие, се поставените кабли од операторите кои заедно со неразградливиот отпад кој граѓаните го фрлаат во своите веце школки, претставуваат проблем поради кој не може отпадните води да бидат одведени низ канализационен систем.

Од „Водовод и канализација“ апелираат за внимание при фрлањето на отпадоци кои директно доаѓаат до канализационата мрежа, како и внимателно поставување на нови инсталации од страна на операторите.