Затоврена ликовната колонија Скопје 2014

Вчера свечено беше затворена деветтата по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“, која се одржа од 20 до 30 август во хотелот “Солун”.

Колонијата се затвори со одржување на свечен коктел на која присуствуваа сите учесници на овогодинешната ликовна колонија, како и изложба на делата кои беа направени оваа колонија.

На годинешното издание на Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ учествуваа десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации, кои живеат и творат во различни средини. Оваа година учество зедоа Татјана Манева, Валбона Атанасковска, Дејан Иванов, Гоце Илиевски и Коста Клифов од Република Македонија, како и Роман Кисјов од Република Бугарија, Зоран Илиќ од Република Србија, Ѓулај Инче од Република Турција, Клаудија Шефлер од Република Германија и Александар Вукотиќ од Република Црна Гора.

На затворањето на Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ присуствуваа и раководителот на Секторот за јавни дејности на Градот Скопје, Татјана Балаќ, како и директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова.

Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2014“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.