Затуроска: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржат измените на Законот за дибоградби

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собранието ќе ги поддржат изманите на Законот за постапување со бесправно изградени објекти што Владата ги предложи, вели Лилјана Затуроска денеска на прес конференција.

„Со новите измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кои се продолжува рокот за доставување на геодетски елаборати за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект до 31 декември 2015 година, а не како што беше до сега до јуни 2014 година. Со оваа измена се овозможува сите оние граѓани кои не успеале од било какви причини да ја искористат можноста да станат легални сопственици на своите објекти сега тоа да го направат. Исто така со оваа предложена измена за продолжување на рокот ќе се овозможи доволен период за изработка и доставување на геодетски елаборати кои поради бројноста на друштвата и заради големиот број на предмети, не се во можност се изработат во предвидениот законски рок. Втората измена во законот се однесува на продолжување на рокот за  поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправни доградби на објекти со намена домување во станбени згради – тераси и тераси пренаменети во станбен простор. За легализација на терасите и терасите претворени во станбен простор, се изврши промена на висината на надоместокот, односно се утврди надоместок наместо во висина на комуналиите да биде во висина од 61 денар или 1 евро по метар квадратен. Новиот рок за доставување на овие барања за легализација на терасите и терасите претворени во станбен простор е 30 јуни 2015 година, доколку истите тие објекти се изградени до денот на влегување во сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти односно пред 3 март 2011 година. Третата измена на Законот, се однесува на  допрецизирање на постапката за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни подземни објекти како што се водовод, канализација, општички и телекомуникациски мрежи кои биле бесправно изградени. За таа цел се изработува посебен геодетски елаборат од страна на компаниите кои претендираат на нив и истите ги користат, со оглед на карактерот на овој вид на објекти“, вели Затуроска.

Затуроска истакнува дека измените се на барање на многу граѓани.