ТОП,Македонија

Затуровска: СДСМ поднесува амандмани за проекти кои што се веќе започнати

Затуровска: СДСМ поднесува амандмани за проекти кои што се веќе започнати

Пратеничката од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска, на денешната амандманска расправа за амандманот поднесен од страна на СДСМ, а се однесуваше на средства за дозавршување на колекторскиот систем во Радожда кој што претставува децениски проблем посочи дека токму оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнала континуирано да работи за негово решавање од 2006 година.

Затуровска посочи дека СДСМ не треба да манипулира со јавноста и да изнесува не проверени информации во однос на загаденоста на Охридското езеро.

Веќе од 2006 година почитуван колега како претсавниците од централната власт така и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Струга наоѓаат начин како да се реши овој проблем. Притоа, се дојде до еден степен на отпочнување со реализација на решавање на овој децениски проблем и причините кои што за жал ги чуствуваме сите ние, а пред се граѓаните кои што живеат на овие простори се очигледни, а се работи за заштита на водите на Охридското езеро кои што незнам од каде ви се информациите дека езерото е загадено од трет или четврт степен кога пред секој туристичка сезона има испитување на водите на Охридското езеро, а тоа се прави пред се заради тоа што туристите треба да знаат колкав е степенот на загаденост на водата и никогаш нема надминато втор степен.

Лилјана Затуровска исто така нагласи дека амандманот на СДСМ е закаснет бидејќи веќе неколку години се работи на овој проблем.

Сигурно сте запознаени со тоа бидејќи сигурно и вашите советници ве имаат информирано дека дека е изработена студија за одведување на отпадните води од потегот Свети Наум-Градиште, изградба на пречистителна станица во село Трпејца како и колекторскиот систем и канализација Калишта-Радожда и ова е проект од целокупниот прстен кој што треба да го заокружи Охридското езеро.

Затуровска појасни дека на овој проект се прават континуирани конференции и семинари со албанската страна на кои се разговара на оваа тема, направена е анализа и веќе е отпочнато со реализација.