Свет

Доживотен затвор за јужнокорејски шпиони

Доживотен затвор за јужнокорејски шпиони
Доживотен затвор за јужнокорејски шпиони

Двајца Јужнокорејци денеска беа осудени на доживотна казна затвор во Северна Кореја откако претходно беа обвинети за шпионажа.

На Ким Кук Гиу и Чое Чун Гиу денеска во Пјонгјанг им беше изречена казната откако беа прогласени за виновни за шпионирање во корист на Јужна Кореја, иако јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) негираше дека двајцата работеле за неа и инсистираше тие да бидат ослободени, објави севернокорејското државно радио.

Двајцата мажи беа уапсени во септември и декември минатата година во близина на кинескиот град Дандонг, на границата со Северна Кореја, а во март годинава беше соопштено дека се шпиони на НИС.

Во Северна Кореја изречените казни се конечни и на нив не може да се вложува жалба, пренесува јужнокорејската агенција.