Свет

Затвор за 139 приврзаници на Морси

Затвор за 139 приврзаници на Морси

Судот во Египет осуди 139 приврзаници на Мохамед Морси на затворска казна од по две години, поради различни обвиненија, од учество во протести до саботажа.

Тоа масовно судење е еден од судските случаи кои во Египет се покренати против приврзаниците на Морси по неговото симнување од власт во јули оваа година.

Овие лица биле уапсени на 15-ти јули поради одржување на улични протести на кои побарале Морси да се врати на власт.

Во денешната пресуда се наведува дека обвинетите може да платат износ од 700 долари за да може затворската казна да им биде привремено укината до конечната пресуда од вишиот суд.