Затворање на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“

Завршниот настан по повод затворањето на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација“ поддржан од Британската Амбасада во Република Македонија, кој се имплементира во Министерството за информатичко општество и администрација ќе се одржи денеска во Скопје.

На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.