Затворањето на „Балканската рута“ ги преполови камповите за бегалци во Германија

Повеќе од половина од центрите за првичен прием на бегалци во Германија се празни по затворањето на „Балканската рута“ пишува денеска весникот „Билд“.

Во центрите во кои мигрантите добиваат првична помош и се регистрираат кои имаат капацитет од нешто над 348 илјади луѓе во моментов се сместени околу 157 илјади бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин..

На покраинско ниво најмногу празни места има во федералната единица Баварија која беше прва на удар при влезот на бегалците од Австрија а ситуацијата е најлоша во Берлин каде што е пополнет речиси целиот капацитет за итно згрижување на мигрантите.

Бројот на мигранти кои што влегле во земјата во февруари е околу 61 илјада што е за една третина помалку од јануари кога во земјата влегоа над 91 илјада бегалци, соопшти Министерството за внатрешни работи.