Затворена најголемата железничка станица во Париз поради дојава за бомба

Француските безбедносни сили и полицијата времено ја затворија Источната железничка станица во Париз во знак на претпазливост откако добиле дојава за подметната бомба.

Вчера во Франција се уапсени 12 лица во кои наводно биле поврзани со терористички напади кои се случила минатата недела во Париз. Полицијата сослушува девет мажи и три жени кои биле можна логистичка поддршка на сега веќе убиените терористи.

Оваа железничка станица била во потполност евакуирана откако утринава бил пронајден сомнителен пакет. Париски „Монд“ пишува дека екипи за демонтирање на експлозивни направи веќе се на терен.

Станува збор за една од најважните железнички станици во Париз која ја поврзува француската престолнина со другите градови во источните делови од земјата.

sta