Затворена за сообраќај делницата од мотел Македонија до Градско

Делницата од мотел Македонија до Градско денес и утре ќе биде затворена за сообраќај.

Од Мануфактура продукција известуваат дека  во понеделик(09.11.2015) и вторник(10.11.2015) поради потребите за снимање на францускиот филм, делот од атопатот А1, делницата од мотел Македонија до Градско ќе биде затворена за сообраќај од 05 до 18 часот. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Како што информираат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.