Затворена за сообраќај десната лента на мостот Градско-Неготино кај Стоби

сообраќај

Затворена е лентата за возење, а слободна е таа за претекнување. Причината за затворањето на лентата е оштетувања на дилатационата фуга на мостот. Затворањето е направено поради безбедно одвивање на сообраќајот, информираа за МИА од работната единица на ЈП Македонијапат во Велес.

Се очекува надлежни субјекти да извршат увид на лице место со цел преземање на соодветни мерки за трајно решавање на проблемот.

До возачите се апелира за внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот и поставената времена сигнализација, заради нивна безбедност, но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.

Граничниот премин Богородица-Евзони се уште е блокиран од грчка страна каде се поставени трактори и поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила. Границата може да се помине само пеш.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.