Свет

Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта

Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта

Поради бегалци меѓународна железничка станица во Будимпешта е затворена на неодредено време, а од сите патници било побарано да ја напуштат истата. Оваа одлука следела откако претходно стотици бегалци се обиделе да влезат во возовите за Австрија и Германија.

Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта
Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта

Патниците преку разгласна станица биле известени дека на главната меѓународна железничка станица Келетинеќе нема да влезе ниту еден воз, а ниту пак се очекува дека ќе тргне, пренесува Танјуг, поикувајќи се на АФП.

Известувањето следело откако претходно околу 500 мигранти – мажи, жени и деца се обиделе да влезат во последниот воз за Виена.

Во еден миг, неколку стотици полицајци почнале да ги потиснуваат луѓето кон излезот иако не пружале отпор ниту пак имало некакви конфликти.

Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта
Затворена меѓународна железничка станица во Будимпешта

Неколку стотици луѓе останале да чекаат пред станицата од каде тргнуваат сите возови за Австрија и Германија, додека полицијата го блокирала главниот влез.

Само во август, 50.000 мигранти и бегалци, повеќето од земјите зафатени од војни, како што се Сирија, Ирак и Авганистан влегле во Унгарија. Повеќето од нив сакаат да го продолжат патот кон Западна Европа, воглавно во Германија. Пристигнале во Виена, што, како што информираат австриските власти е најголем број примени бегалци во еден ден.

Австрија ги заостри контролите на граничните премини

Австрија од пред два дена ги засили контролите на граничните премини. Одлуката на Австрија за засилени контроли следеше откако во текот на минатата недела во напуштен камион покрај автопат беа пронајдени 71 безживотно тело на бегалци кои пристигнале преку Унгарија.

Австрија ги засили контролите на граничните премини
Австрија ги засили контролите на граничните премини

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер изјави денес за радиото ОРФ дека Австрија ја засилила контролата на источните граници.

Ќе спроведуваме контроли во неопределен период на сите поважни гранични премини во источниот регион и ќе ги прегледуваме сите возила кои што имаат можни места за криење луѓе кои што се жртви на трговија со луѓе, рече Микл-Лајтнер, пренесе британски Телеграф.

Со построгите контроли најдени над 200 бегалци и уапсени неколку криумчари

Според официјалните информации, властите во Австрија откриле околу 200 баратели на азил и уапсиле пет лица за трговија со луѓе, во рамки на новата операција што се спроведува на границите на земјата.

За неколку часа откако почнавме да ги спроведуваме овие мерки, за кои што постигнавме согласност со Германија, Унгарија и Словачка, успеавме да откриеме повеќе од 200 бегалци во слични такви возила а успеавме да уапсиме и неколку криумчари на бегалци, изјави Конрад Коглер генерален директор за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи на Австрија.

Австриската министерка за внатрешни работи, на истата прес-конференција потенцира дека проверките што се преземаат на австриските гранични премини не се вообичаени гранични контроли.