Затворени две скопски туристички агенции

Државниот пазарен инспекторат месецов затворил две скопски туристички агенции, бидејќи не склучиле договор со патниците за аранжманите што ги продале,  објави „Нова Македонија“. Дополнително, други три агенции продале сместување што било сосема поинакво од она што им било ветено на купувачите. Овие агенции нема да бидат казнети, бидејќи им ја исплатиле штетата на патниците, велат надлежните, за весникот.

Последниот случај го пријавиле Македонци што заминале на одмор во Кушадаси, но останале на улица, бидејќи во вилата немало соба за која платиле.

Според надлежните, инспекторатот летово извршил 148 редовни, 23 контролни и девет вонредни инспекциски надзори во туристичкиот сектор. До јунските контроли инспекторатот повел три прекршочни постапки, упатил пет случаи до прекршочна комисија и донел осум решенија за поведување управна постапка. Во исто време биле изречени 12 парични казни за разни неправилности во работењето на фирмите. Граѓаните до инспекторатот поднеле 19 претставки.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.